Санчез за 16 минути имаше само еден допир со топката а си „лапна“ премија од 75.000 фунти (ФОТО)

by
1 минути читање

Алексис Санчез е едно од најголемите трансфер разочарувања на Манчестер јунајтед, Чилеанецот игра очајно, но неделно заработува фантастични 400.000 фунти плата.

На синоќешното дерби на Манчестер, Алексис Санчез влезе од клупата во 78. минута од натпреварот, и со судиското продолжение одигра вкупно 16 минути.

За тој период Санчез само еднаш ја допре топката, во преостанатиот дел само трчаше по теренот.

Но и покрај таквата статистика тој заработи плус 75.000 фунти.

Неговиот агент Фернандо Фелицевич во договорот со Манчестер јунајтед вметнал и клаузула според која Санчез секогаш кога ќе излезе на теренот во Премиерлигата или Лигата на шампионите, дури и од клупата, да добие бонус од 75.000 фунти.

Чилеанецот синоќа ги имаше најлесно заработените пари. 

Сите допири со топка на Санчез за време на вчерашниот меч:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×