Санчез со извинување до соиграчите и Конте

by
1 минути читање

Интер е
непрепознатлив откако кормилото на таа екипа го презеде Антонио Конте, „Нероаѕурите“
изминатиов викенд ја запишаа шестата победа во Серија А и го задржаа
максималниот ефект на стартот од новата сезона од тој шампионат.

Алексис Санчез
стартуваше од првата минута на гостувањето кај Сампдорија а го запиша и
дебитантскиот гол во дресот на тимот од Милано, меѓутоа црвениот картон кој го
доби поради симулација за пенал за момент го засени неговиот прв гол во дресот
на Интер.

Чилеанецот уште
на стартот од второто полувреме го доби вториот жолт картон на мечот и
предвреме беше испратен во соблекувалната, а тој ќе го пропушти дербито со
Јувентус идното коло.

Санчез речиси
сигурно ќе биде стартер на гостувањето на „Камп Ноу“ во мечот против Барселона задутре
во рамките на второто коло од Лигата на шампионите, а во денешната едиција на „Кориере
дело Спорт“, истиот весник тврди дека Чилеанецот се извинил до своите соиграчи,
како и тренерот Конте поради црвениот картон кој го доби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×