Санчез на слатки маки – Чилеанецот бира помеѓу пет гиганти

by
1 минути читање

Како најзагреани за услугите на Чилеанецот се споменуваат Баерн Минхен, Челси, Манчестер Сити, Интер и ПСЖ.

Договорот на Санчез со Арсенал е во важност до јуни 2018. година, а се чини дека истиот да се продолжи, па „топчиите“ ќе мора да го продадат ако сакаат да заработат на неговото заминување.

Англиските медиуми споменуваат цифра од 40 милиони евра која Арсенал ја бара како обештетување. Таа сума е за два милиони евра поголема во однос на тоа колку лондонскиот клуб плати за услугите на Чилеанецот кога го купи од Барселона.

Француските медиуми, го селат Санчез во Париз, споменувајќи го ПСЖ како негова следна дестинација. Во италијанските се пишува дека Интер е загреан за него. Доколку одлучи да остане во Англија во игра се Манчестер Сити и Челси, а не се исклучува ниту можноста да се пресели во Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани