Санчез може да му биде соиграч на Несторовски?

by
1 минути читање

Иднината на
Алексис Санчез во редовите на Манчестер јунајтед се уште не е позната,
Чилеанецот од доаѓањето на „Олд Трафорд“ не успеа да ги убеди ниту најголемите
поддржувачи во неговата игра, па така од поодамна се шпекулира дека е на
излезна врата од тој клуб.

Веројатно Арсенал
направи потег за паметење лани во јануари, во моментите кога неговиот договор беше кон самиот
крај, па на крајот „Топчиите“ добија и обештетување, а сега „Мирор“ известува дека Санчез
би можел да се врати во Серија А, каде четири екипи веќе пријавиле сериозен
интерес за неговите услуги.

Според пишувањата
на тој медиум, се вели дека Санчез би можел да се врати во Удинезе, каде
претходно настапуваше во својата кариера, а освен клубот каде летово се пресели
нашиот Илија Несторовски, заинтересирани за Чилеанецот се уште и Интер,
Јувентус, Милан и Рома.

Опцијата која
Италијанците ја нудата наводно е да го доведат Чилеанецот на позајмица во
своите клубови, веројатно со опција и за целосен откуп на неговиот договор со
Манчестер јунајтед кој има важност до 2022. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани