Санчез ќе го продолжи договорот со Арсенал само под еден услов

by
1 минути читање

Алексис Санчез ќе чека до крајот на сезоната за да види дали ќе го продолжи договорот со Арсенал или не. Според „Гол“, клучен услов за неговата одлука ќе биде позицијата на табелата на која ќе заврши тимот.

Арсенал ги загуби последните два меча во Премиерлигата и четвртото место е далеку од сигурно. Тие имаат само еден бод повеќе од петтиот Ливерпул и два повеќе од Манчестер јунајтед кој е на шестата позиција.

Договорот на Санчез со Арсенал истекува по крајот од следната сезона, па доколку фудбалерот одлучи да не го продолжи договорот ќе биде продаден ова лето со цел лондонскиот клуб да заработи на негово заминување.

Се шпекулира за интерес од неколку клубови, а последен на листата е ПСЖ кој покрај Санчез го сака и Агуеро од Манчестер Сити.

Се верува дека условот на Санчез е настап во Лигата на шампионите и следната сезона, во спротивно заминува од Емирати. Тоа е цел која Арсенал ја исполнува секоја година, но овој пат конкуренцијата е поголема, па ќе биде неизвесно до самиот крај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани