110
Милан се поврзуваше со трансфер на Ренато Санчез од Баерн Минхен, а раководството на германскиот шампион е подготвено да го пушти младиот Португалец.
„Доколку фудбалерот мисли дека подобро за него е да замине некаде, на позајмица или перманентно, клубот ќе се погрижи за тоа“ – изјави претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес.
Ренато Санчез во Баерн Минхен пристигна од Бенфика како големо засилување за иднината на тимот, но во првата сезона не се снајде најдобро.