Арсенал идното лето може
да остане со празни раце при евентуално заминување на Месут Озил и Алексис
Санчез, нешто што е веројатно дека ќе се случи бидејќи договорите на обата
фудбалери истекува токму тогаш, а не постои никаква надеж дека ќе продолжи
соработката на клубот со нив.
Се чини дека шефот на
стручниот штаб на премиерлигашот од Лондон веќе си зацртал свои планови околу
Санчез и Озил, иако од нив може да извлече околу 70 милиони евра при евентуална
продажба во јануари, тој останува на своето.
На прашањето дали верува
дека Озил и Санчез ќе бидат фудбалери на Арсенал на 1 февруари, Арсен Венгер
одговори потврдно.
„Да, се разбира. Веќе го
имам тоа во главата, не мислам постојано на таа тема“ вели францускиот стратег.
„Се додега се во клубот
тие го даваат најдоброто од себе за Арсенал. Во мојата глава тие остануваат до
крајот на сезоната, освен нешто неверојатно да се случи, не гледам причина за
такво нешто“ додаде Венгер.