198
Алексис Санчез е под договор со „Топчиите“ до 30. јуни 2018, преговорите тапката во место, па се очекува играчот ова лето да ја промени средината.
Според новинарот Макс Карденас, Алексис Санчез сака да се пресели во Манчестер Сити, но Арсен Венгер не сака да го продаде на ривал од Премиерлигата.
Менаџерот на Арсенал преферира Чилеанецот да заврши во клуб од странство, Баерн Минхен е опција.
Агентот на Алексис Санчез е за трансфер во редовите на „Баварците“ но се верува дека играчот не е импресиониран од Бундеслигата.
Уште еден новинар, Жерард Ромеро пишува на оваа тема, и пренесува дека Алексис Санчез дефинитивно ќе се пресели во Манчестер Сити и многу скоро ќе пристигне официјална потврда.