Санчез би можел во Интер, но, Нероаѕурите имаат услов кој на Чилеанецот сигурно не би му се допаднал

by
1 минути читање

Интер под будно
око ја следи ситуацијата со двоецот од Манчестер јунајтед, Алексис Санчез и
Антонио Валенсија, меѓутоа, ако за вториот немаат речиси никаков проблем, за
првиот имаат еден услов кој сигурно нема да биде прифатен од страна на
Чилеанецот.

Договорот на 34
годишниот Валенсија со Црвените ѓаволи истекува претстојното лето, извесно е
дека Премиерлигашот ќе ја искористи опцијата за дополнителни 12 месеци за
евентуално да заработи при негов трансфер, а можно е да се ослободи од неговите
услуги.

Сепак, поинаква е
ситуацијата со Санчез, Индепендет пренесе дека Интер е сериозно заинтересиран
за услугите на Чилеанецот, меѓутоа, Нероаѕурите би го ангажирале доколку тој се
согласи на
драстично помала плата од онаа која ја заработува
во Манчестер јунајтед, а изнесува 500 илјади фунти на неделна основа.

30 годишниот
Санчез се приклучи во редовите на Премиерлигашот ланскиот јануари, меѓутоа, не
ги оправда големите очекувања, а постигна пет погодоци и реализираше девет
асистенции во неговите досегашни 43 настапи за тој клуб.

Чилеанецот е
доста ценет во Италија по неговите одлични партии во тоа првенство во дресот на
Удинезе, каде играше во периодот од 2007. до 2010. година, по што направи
трансфер во Барселона, а потоа во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×