„Сан“ со брутално „извинување“ до Колумбија за насловната со „Гоу Кејн“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Контроверзната насловна страна гласеше „Бидејќи Трите Лава се среќаваат со нација која на светот му ја даде Шакира, одлично кафе и, ах, некои други работи ние велиме: Гоу Кејн!“

Тоа беше игра со зборови која индицира дека Колумбија е земја на кокаинот.

На Колумбијците не им се допадна насловната. Колумбискиот амбасадор во Велика Британија насловната страна ја опиша како тажна.

Откако се одигра натпреварот „Сан“ се извини, но тоа го направи и уште побрутално отколку самата насловна.

Излегоа со краток текст со наслов „Изивнување за Колумбија“ во кои пишува: „Насловната страна на вчерашното издание на „Сан“ можеби даде импресија дека Колумбија е добро позната по трговијата со кокаин. Тоа не беше фер кон колумбијскиот народ кој е далеку повеќе засрамен од начинот на мамењето, фаулирањето, глумењето, злобата кај нивниот национален тим кој играше минатата ноќ“.

Весникот ја опишува непопуларната тактика на Колумбија со која фудбалерите повеќе беа заинтересирани за расправа со судијата и фаулирање на англиските фудбалери отколку за вистински фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани