171
Одличниот преоден рок кој го има Милан ги возбуди фановите на „росонерите“, Сан Сиро ќе биде полн на првиот официјален натпревар оваа сезона.
Милан го доби дуелот во Романија со 1-0 и е пред пласман во плејофот од Лига Европа.
Според телевизијата на Милан, досега се продадени 59.000 билети натпреварот во четврток, бројка која ги надмина сите очекувања.