„Сан Сиро“ е распродаден, Милан ќе инкасира рекордна сума од дербито со Интер

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека „Сан Сиро“ е распродаден за градското дерби помеѓу Милан и Интер, „росонерите“ ќе инкасираат рекордна сума и се очекуваат приходи од околу 5,9 милиони евра.

Милан во недела го пречекува Интер во дерби “Дела Мадонина“, натпревар кој може да ја врати неизвесноста во трката за Скудетото, но и да ги навести „нероаѕурите“ како нов шампион на Италија.

Интересот е огромен и како што пренесува Калчо и Финанца, „Сан Сиро“ е распродаден.

Ова можеби е сосема очекувано, но за „росонерите“ е важно тоа што овој натпревар ќе им донесе рекордни приходи од продажба на билети.

Се очекува Милан да инкасира околу 5,9 милиони евра, што е најголема сума за „росонерите“ кога е во прашање натпревар во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×