Барселона и Реал
Мадрид му се приклучија на Манчестер јунајтед во трката за потписот на
фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш, известува „Сан“, а доколку се навратиме
малку во периодот, ќе додадеме и дека на Островот претходно известија дека во
Манчестер Сити, реконструкцијата на таа екипа на лето ќе започне токму со
Грилиш.
Како и да е, се
вели дека обата шпански гиганти под будно око го следат 24 годишниот фудбалер
кој примами многу фанови на Островот, а тие постојано го убедуваат селекторот
на „Гордиот албион“, Герет Саутгејт, да го повика Грилиш за Европското
првенство на лето.
„Сан“ наведува
дека Грилиш е помеѓу приоритетите за Барса и Реал во активностите на обата
клуба на трансфер пазарот на лето, а тоа сигурно не им се допаѓа во Манчестер
јунајтед, каде во Грилиш гледаат прва опција за нов плејмејкер во составот од „Олд
Трафорд“.
Грилиш, кој најпрво
настапуваше за младинските селекции на Ирска, за потоа да се пресели во
националниот состав на Англија, има важечки договор со Астон Вила со важност до
2023. година, па од таа причина Премиерлигашот сигурно го чека голема заработка
при евентуален трансфер на фудбалерот.