Македонскиот претставник Шкендија в четврток во Скопје ќе има сериозен европски тест и на домашен терен го пречекува турски Самсунспор во плеј-оф дуелот од Конференциската лига, а турскиот состав во македонската престолнина доаѓа со ново име на клупата.
Само два дена пред натпреварот, раководството на Самсунспор се реши на тренерска рокада. По двата врзани порази во првенството, клубот се раздели со Томас Рајс, а кормилото му го довери на искусниот германски стратег Торстен Финк.
Финк не е непознато име во европскиот фудбал. Пред да пристигне во Турција, тој работеше во белгиски Генк, а во својата тренерска биографија ги има и ангажманите во АПОЕЛ, Базел и Хамбургер.
Покрај работата како тренер, Финк зад себе има и респектабилна играчка кариера. Повеќе од 100 пати го носеше дресот на Баерн Минхен во периодот од 1997 до 2003 година, а настапуваше и за Ватеншелд и Карлсруе.
Натпреварот се игра во терминот од 21:00 часот.