Самсоненко се „пишмани“, ќе остане во Вардар

by
2 минути читање

Во август, Сергеј
Самсоненко предизвика бура откако најави дека ова ќе биде негова последна
година во ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар и во иднина тој повеќе нема да
инвестира.

Но бизнисменот од
Русија сега се предомисли, на промоцијата на Илија Најдовски за нов технички
директор на ФК Вардар, Серргеј Самсоненко најави дека останува дел од
„црвено-црното“ семејство.

„Пред еден месец
кажав дека ова ми е последна сезона во сите три клуба и потоа нема повеќа да
инвестирам“
– почна сопственикот на Вардар.

„Сакам да
појаснам дека причината за ова беше само една – имаше еден куп пишувања од
одредени медиуми кои промовираа невистини, лаги и превртуваа факти“.

„Ми се собра до
срце, па со жешка глава кажав дека заминувам. Не сакав да си одам од Вардар и
сакам да им порачам на сите добри луѓе да не верувате во невистините кои ги
пишуваат за мене. На тие што пишуваат, сакам да им порача дека немаат ни срам
ни совест. Вас ве сметам за предавници зошто не сум направил ништо лошо за оваа
држава, која ја засакав како своја и направив само добри работи. Тоа што го
направивте е дно“.

„Јас не сакав да
заминам и нема да заминам од Вардар. Ќе останам и во добро и во лошо, ќе дадам
се од себе и ќе помогнам на сите клубови“.

„Ги повикувам
сите добри луѓе да не поддржат. Заедно да се бориме против неправди. Сигурен
сум дека ќе направиме уште успеси. Ќе бидеме уште подобри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани