Самсоненко потврди, Вардар сака да гради нов стадион

by
0 минути читање

На денешната прес конференција, Сергеј Самсоненко ја потврди информацијата дека Вардар сака да изгради свој, сопствен стадион.

„Точно е тоа, сакаме да градиме стадион, но уште сме во почетна фаза, преговараме со општините и се уште немаме договор за конкретна локација“ – изјави Сергеј Самсоненко.

Претходно „Спорт1“ излезе со информација дека Вардар е во преговори со општина Карпош за изградба на стадион на игралиштето на Алумина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани