Шампионот покажа моќ уште на стартот, Сити го потопи Вест Хем со 5-0 (ВИДЕО)

by
0 минути читање

„Граѓаните“ се подготвени да доминираат во Премиерлигата и оваа сезона, барем судејќи по дуелот со Вест Хем на стартот. Манчестер Сити лесно славеше на гостувањето во Лондон и го потопи противникот со 5-0.

Габриел Жесус го отвори резултатот во 25. минута, а квалитетот на тимот на Пеп Гвардиола дојде до израз во продолжението кога Стерлинг забележа хет-трик а Агуеро погоди од пенал.

Имаше и ВАР контроверзија, кога еден гол беше поништен поради тоа што Стерлинг со рамото неколку милиметри беше во офсајд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×