Сампдорија ја продлабочи кризата на Милан (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Навивачите на Милан се надеваа дека Сампдорија е идеален противник за враќање на победите, но не само што не ги освоија трите бода, росоњерите загубија на домашен терен.

Четврти пораз по ред за Милан, трет во Серија А, тимот на Монтела ги загуби речиси сите шанси за третото место во Серија А.

Милан имаше неколку одлични шанси за гол на овој меч, еднаш ја погоди и стативата од голот на Сампдорија, но казната за пропуштеното стигна во 70. минута со гол од пенал на Муриел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани