Сампдорија испадна и од Серија Б!

by riste
1 минути читање

Легендарниот клуб од Џенова, Сампдорија во следната сезона ќе игра во Серија Ц откако денеска одигра само 0-0 против Јуве Стабија во последното коло од Серија Б.

На Сампдорија и требаше победа за да избори опстанок или евентуално да се најде во место за плејаут, но одигра само 0-0 на гостински терен кај Јуве Стабија.

Таквиот резултат ја остави на 18. место на табелата и заедно со Козенца и Цитатела се сели во Серија Ц.

Во плејаутот ќе играат Фросиноне и Салернитана.

Сасуоло како прв и Пиза како втора директно се пласираа во Серија А. А, Специја, Кремонезе, Јуве Стабија, Катанцаро, Чезена и Палермо преку плејофот ќе се обидат да дојдат до третото место кое носи во најдобрата италијанска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×