Аргентина е во лоша ситуација во квалификациите за
Мундијалот кој се одржува идната година во Русија, пласманот виси во воздух, а
селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли смета дека нема време да мудрува околу
тоа зошто Дибала и Меси не можат да играат заедно во тимот.
Меси и Дибала беа заедно во почетниот состав на
гостувањето кај Уругвај каде не функционираа добро во офанзивата (0-0), а
додатно тоа се потврди и на пресметката со Венецуела на домашен терен, каде
иако влегоа како фаворити на тој дуел, загубија два бода и одиграа реми со
резултат 1-1.
„Немаме време да мудруваме околу Дибала и Меси, ќе игра
Меси, мораме да се пласираме на Мундијалот, не можам сега да размислувам како и
двајцата да бидат заедно на теренот, ја пробавме таа варијанта, загубивме
бодови…“ истакна Сампаоли.
Повредата на Серхио Агуеро е дополнителен проблем за
Аргентина и Сампаоли, па тој реши во нападот најистурен да биде Меси, а Дибала
да биде на клупата за резервни фудбалери, самиот фудбалер на Јувентус издвои
дека е мошне тешко да се игра со Меси.
„Ова не е време за експерименти, тоа е единственото
решение во моментов, тој постигнува голови и во Барселона, ќе биде најистурен
во нападот со целосна слобода во играта“ додаде новиот селектор на „Гаучосите“.
На една од најфудбалските земји во светот и се заканува неможност
да игра на Светското првенство, од причина што во квалификациите во Јужна
Америка со 24 бода им „виси“ пласманот на тоа големо натпреварување.
Аргентина утре пред својата публика го пречекува Перу и нема право на кикс, доколку сака пласман на Мундијалот идната година.