Аргентина едвај
се пласираше на СП 2018, а играше под очекувањата и во подготвителните
натпревари. „Гаучосите“ потфрлија и на вовоедниот натпревар во Русија откако
одиграа само 1-1 со дебитантот Исланд. Јасно е дека
нешто не штима во репрезентацијата, па Хорхе Сампаоли подготвува револуција во
составот веќе за дуелот со Хрватска.
Според медиумите
од Аргентина, стратегот ќе ја замени формацијата и ќе направи барам три измени
во стартниот состав. Една од опцииите е 3-3-3-1 во која Меркадо ќе го замени
Рохо покрај Отаменди и Таљафико во одбраната составена од тројца играчи, додека
Акуња ќе игра место Биља во средниот ред покрај Маскерано и Салвио. Ди Марија
ќе му го препушти местото на Павон, кој ќе биде покрај Меси и Меза во
офанзивната линија зад напаѓачот Агуеро.
Втората опција е
формација 3-4-3, каде одбраната исто така ќе биде составена од Меркадо, Отаменди
и Таљафико, додека Енцо Перез би се нашол во средниот ред заедно со Акуња, Маскерано
и Салвио, а Павон ќе им прави друштво на Меси и Агуеро во форот.