Сампаоли не ја бара вината кај себе, Исланд му е крив што Аргентина не победи

by
1 минути читање

Исланд разбирливо одигра дефанзивно против Аргентина која има многу многу подобри индивидуалци и таквата тактика им донесе голем бод.

Сампаоли не знаеше како да се спротивстави на таквата тактика иако сите знаеја како ќе игра Исланд. Тој на клупата остави Дибила да го преседи целиот меч, а Игуаин во игра го стави во 84. минута. 

Меси не одигра речиси ништо на денешниот меч, а промаши и пенал во второто полувреме.

„На Меси не му беше комфорно во оваа ситуација бидејќи Исланд играше многу дефанзивно. Тој не можеше да го најде просторот кој му е потребен. Но се уште веруваме во себе и знаеме дека го имаме потребниот материјал за успех“, вели Сампаоли.

Аргентина поправна шанса ќе има во дуелите против Нигерија и Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани