По ремито со Исланд, Аргентина синоќа доживеа вистински дебакл од Хрватска од која загуби со убедливи 3-0. Селекторот Сампаоли е прв на „отстрел“, неговите одлуки за составот се клучни за неуспехот.
„Ги молам фановите за прошка. Особено оние кои направија голем напор да патуваат до тука за да ја гледаат Аргентина. Јас сум одговорен за овој резултат. Го направив најдоброто што можев но едноставно не одеше како што треба. Чувствовам болка. Но треба да се бориме и во последниот меч да дадеме се од себе, немаме друга алтернатива. Има болка кај нас бидејќи не бевме на нивото на кое луѓето во Аргентина очекуваат да бидеме“, вели Сампаоли.
„Моја задача беше да направам план за мечот со Хрватска и можеби доколку ги поставев понаку работите, друг ќе беше и резултатот“