237
Сезоната во Англија започна со дуелот меѓу Бирмингем и Ипсвич во Чемпионшип, но натпреварот го одбележа инцидент во судиското надополнување.
По мешаница на теренот во која се вмешаа голем број фудбалери, еден навивач на Бирмингем се симна од трибините и се обиде физички да се пресмета. Обезбедувањето реагираше навреме и го спречи да зададе удар.
Според англиските медиуми, навивачот ќе добие доживотна забрана за присуство на стадионите.