395
Јулен Лопетеги десетина дена откако доби отказ во Вест Хем преговара за нова работна позиција и тоа во репрезентативниот фудбал.
Шпанскиот стручњак би можел да ја наследи клупата на Белгија од Доменико Тедеско по лошите резултати, но и лошите односи со дел од ѕвездите. Лопетеги е една од опциите на „ѓаволите“ за нов селектор.
Освен него, се споменуваат и Тиери Анри кој досега беше помошник, како и Руди Гарсија кој во минатото ги водеше Рома, Лил и Марсеј.