Само реми за Леверкузен, важни три бода на Фрајбург во битката за Европа

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Баер Леверкузен испушти важни бодови во битката за одбрана на трофејот во Бундеслигата и одигра само без голови против Унион Берлин во рамките од 29. коло.

Во денешните натпревари видовме и директна битка за шестата позиција која е последна што води во европските натпреварувања (Конференциската лига), а на крајот славеше Фрајбург со 1-2 на гости кај Борусија Менхегладбах.

Во преостанатиот натпревар Аугусбург го совлада Бохум со 1-2 и го остави во опасната зона со 20 бодови, Хајденхајм има два повеќе.

Денес во терминот од 18:30 часот се игра и дербито помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

РЕЗУЛТАТИ 29. КОЛО

Баер Леверкузен  – Унион Берлин 0-0

Борусија Менхеглабдах –  Фрајбург 1-2

Холстен Кил – Сент Паули 1-2

Хофенхајм – Маинц 2-0

Бохум – Аусбург 1-2

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани