Само реми на Вардар против Шкупи, Шкендија ја намалува предноста на лидерот

by
1 минути читање

Ако Вардар беше само малку поефикасен ќе славеше лесна победа над Шкупи, но тимот од Чаир успеа да дојде до реми, а можеше и со сите три бода да си замине.

Вардар поведе уште во 14. минута со гол на Жуниор, по што следуваа доста шанси, но одличен на голот кај гостите беше поранешниот Вардарец, Игор Алексовски.

Шкупи изгледаше немоќно, но се се промени во 71. минута кога Дијак постигна гол и го изедначи резултатот на 1-1.

Постигнатиот гол како да му влеа самодоверба на гостинот, а го збуни Вардар, до крајот на мечот Шкупи беше подобар. Но резултатот остана непроменет.

Шкендија влегува во форма, ја растури ренова со 4-1 и ја намали предноста на Вардар кон нив на седум бода. 

Имери, Алими, Бесарт Ибраими, Агим Ибраими, Фазли и Тотре ги постигнаа головите за Шкендија, Селмани погоди за Ренова.

За разлика од Шкендија, Академија Пандев не го искористи ремито на Вардар. Струмичниот тим одигра само 1-1 против Струга Триум Лум

Академија Пандев водеше со гол на Рајковиќ од 68. минута, но во третата минута од судиското продолжение Цветановски изедначи и донесе бод за Струга ТЛ.

Немаше голови во Велес на дуелот меѓу Борец и Силекс. Синоќа Македонија ЃП со 2-0 го совлада Работнички.

Табела:

1. Вардар 31

2. Академија Пандев 27

3. Шкендија 24

4. Силекс 22

5. Македонија ЃП 21

6. Шкупи 19

7. Струга ТЛ 19

8. Борец 16

9. Ренова 15

10. Работнички 11

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×