„Само небото е граница за Кол Палмер“

by riste
1 минути читање

Нони Мадуеке е полн со пофалби за неговиот соиграч од Челси, Кол Палмер кој ја доби наградата за најдобар англиски фудбалер за минатата сезона.

Откако потпиша за Челси, Кол Палмер игра во фантастична форма и покажува дека е иднината на англискиот фудбал.

„Мислам дека само небото е граница за Кол Палмер. Не знам дали има плафон, не знам кој е неговиот плафон“, вели Мадуеке.

„Тој е посебен играч. Играч кој не чувствува притисок и во ситуациите со најголем притисок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани