Сениорите ќе се
обидат да го поправат меѓусебниот биланс од одиграните натпревари против
селекцијата на Турција.
Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација на 5. Јуни ќе одигра пријателски натпревар
против соодветната селекција на Турција, контролката ќе се одигра на „Телеком
Арената“ во Скопје.
Македонија има
негативен баланс во меѓусебните дуели со овој противник, со по една победа и
реми, односно дури пет порази.
Македонија во
1994. и 1995. година на два пати беше поразена во пријателски натпревари од
Турција, со 0-2, односно 1-2. Додека пак во квалификациите за Мундијалот во
2002. година, нашиот репрезентативен состав забележа пораз дома и бод на гости. Иако први поведовме на мечот во Скопје со одличниот погодок на Тони Мицевски од слободен удар, сепак
Турците на крајот славеа со 1-2.
Сепак, добрите познавачи и љубители на
македонскиот фудбал засекогаш ќе им остане во сеќавање гостувањето во Турција
каде одигравме 3-3, стрелци на головите беа Артим Шаќири, Игор Саша Николовски
и Жарко Серафимовски.
Единствената
победа на Македонија против Турција беше во 2006. година на контролниот меч во
Германија, каде стрелец на голот беше Горан Мазнов. Нашата репрезентација во
тој период беше предводена од словенечкиот стратег Среќко Катанец, токму во тој
период на подготовки на селекцијата, Македонија врза две исклучително големи
победи, против Турција (1-0) и Еквадор (2-1 / Мазнов, И. Митревски).
(Лево е Среќко
Катанец, по него следат екс репрезентативците Игор Митревски, Владе Лазаревски
и Славчо Георгиевски – Тупан)
(голот на Мазнов
против Турција на 5,23)
Дуелот помеѓу
Македонија и Турција на 5. јуни ќе стартува во терминот од 19 часот и 45
минути, ова воедно ќе биде увертира за мечот во Скопје против силната Шпанија
во мундијалските квалификации, предвиден на 11. јуни.
За претстојната
контролка, селекторот Игор Ангеловски повика неколку млади фудбалери со што и дефинитивно почна да го реализира на големо планот за подмладувањето во националниот тим на Македонија.