Арсен Венгер по
13 натпревари во првенството, минатата сезона конечно успеа да го добие Жозе
Мурињо, но очигледно Французинот има уште многу да учи.
Вечерва Арсенал
речиси 90. минути го напаѓаше Манчестер јунајтед, но на крајот Жозе Мурињо и
„Ѓаволите“ си одат дома со триумф од 1-3.
„Топчиите“
доминираа, беа супериорни, креираа безброј шанси па фановите на Арсенал се чудат како останаа
со празни раце и многумина веруваат дека само Жозе Мурињо може да победи со
ваква неверојатна статистика.
Имено, Манчестер
јунајтед триумфираше со 1-3 откако имаше 25% посед на топка, упати само четири шута
во рамките на голот, а Давид Де Геа забележа 14 одбрани, рекорд за
Премиерлигата откако Опта го мери овој податок од сезоната 2003/2004.
