753
Анте Будимир игра одлична сезона и одново беше стрелец за својата Осасуна во победата над Џирона (2-1) во 31. коло на Ла Лига.
Магичниот Хрват како што го нарекуваат во Шпанија стигна до котата 16 во првенството. Будимир со тоа котира како трет најдобар стрелец во лигата, а пред него се само ѕвездите Роберт Левандовски и Килиан Мбапе.
Во овој натпревар шанса за настап не доби македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој остана на клупата.