Само Јувентус не најде време да напише порака и да се прости од Михајловиќ

by
1 минути читање

Фудбалскиот свет
тагува откако синоќа пристигна информација дека Синиша Михајловиќ ја загубил
битката со тешката болест.

По веста за смртта
на српската фудбалска легенда, ривалството беше ставено во втор план и пристигнаа пораки од сите страни, а еден клуб
кој покажа малку класа е Јувентус.

„Старата дама“ не
најде време да напише порака и да се прости од Синиша Михајловиќ. Јувентус
преку својот твитер профил само ја „ретвитна“ објавата на сега веќе поранешниот
претседател Андреа Ањели, кој сподели фотографија со Србинот и напиша: „Сега не
се само слободни удари, туку вистински слободен дух“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани