Само еден тим ја спаси честа на Англичаните во Европа!

by riste
1 минути читање

Со денешните натпревари во Лига Европа и Конференциската лига завршија првите осминафинални натпревари во европските купови, а англиските екипи посебно потфрлија.

Во Лигата на шампиони од шест екипи од Англија, ниту една не успеа да победи во првите осминафиналиња, а дури три од нив загубија со по три гола разлика.

Денеска играа уште три англиски екипи, а единствена која победи беше Астон Вила која со 1-0 славеше на гостувањето кај Лил.

Нотингем форест на домашен терен загуби од Митјиланд, а Кристал Палас одигра само 0-0 дома против АЕК Ларнака.

Во овие три дена девет англиски екипи играа во Европа, една победи, три одиграа нерешено и дури пет ги загубија натпреварите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×