Само еден детал ја кочи преселбата на Немања Матиќ во Торино

by
1 минути читање

„Кориере дело
Спорт“ пишува дека фудбалерот од средниот ред нема никакви дилеми во однос на
тоа дали да го напушти Лондон ова лето, покрај големиот интерес од Манчестер
јунајтед и Милан, наводно тој се решил за трансфер во Јувентус.

Италијанските
весник дополнува дека 28. годишниот фудбалер веќе му кажал „ДА“ на тимот од
Торино, но истовремено очекува дека Челси ќе ја намали бараната сума за
неговите услуги, која изнесува 40 милиони фунти.

Со доаѓањето на
Тимуе Бакајоко од Монако за сума од 40 милиони фунти, Матиќ беше изоставен од
составот на Челси за пресезонската турнеја во Азија.

Србинот беше на
чекор до трансфер во Манчестер јунајтед, каде повторно ќе ја реактивираше соработката
со португалскиот стратег Жозе Мурињо, но големите ривали во Премиерлигата ги
заладија своите односи откако Челси му го „украде“ Лукаку, Белгиецот кој од
редовите на Евертон премина во тимот од „Олд Трафорд“ во последен момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани