Само четворица во Европа се подобри од Модриќ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Модриќ повторно им пркоси на сите закони на времето. Според податоците на „Софаскор“, капитенот на Хрватска се наоѓа меѓу петтемина најдобро оценети фудбалери во петте најсилни европски лиги оваа сезона, со просечна оценка од 7.75.

Пред него се само Хари Кејн, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Витина, што уште еднаш потврдува дека Модриќ и во петтата деценија од животот е рамо до рамо со најдобрите на светот.

Откако пристигна во Милан, искусниот играч за врска стана вистински лидер и ментор на помладите играчи, но и натаму со својата класа ги носи натпреварите. Точноста во додавањата, прегледот на играта и контролната моќ во средината на теренот го направија срцето на тимот на Стефано Пиоли. Навивачите на „росонерите“ се воодушевени што во своите редови имаат играч кој и на 40 години доминира на највисоко ниво.

Иако за многумина овој роденден е граница меѓу кариерата и пензијата, Модриќ го претвори во нов почеток. Италијанските медиуми пишуваат за неговата „втора младост“, а стручњаците нагласуваат дека неговата физичка подготвеност и професионалност се клучот за неговата долговечност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×