Во најсилните првенства низ Европа веќе се одиграа неколку кола од стартот на првенството, а засега само четири екиипи останале со максимален учинок и тоа се: Лверпул, Наполи, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Ливерпул во Англија веќе создаде пет бода предност во однос на Арсенал, Тотнем и Бурмот кои имаат по три победи, едно реми и еден пораз.
Во Италија досега се одиграа четири кола и Наполи има два бода повеќе од увентус кој е втор со десет бода по четири одиграни натпревари. „Старата дама“ минатиот викенд ремизираше со Верона 1-1.
Четири кола се одиграа и во Германија каде што исто така Баерн е со два бода повеќе во однос на Борусија Дортмунд.
Во Шпанија, поминаа шест кола во кои тимот на Алонсо беше без грешка и има пет бода повеќе од Барселона која сепак е со натпревар помалку. Каталонците бодови испуштијаа само против Рајо Ваљекано ремизирајќи 1-1.