228
Во првиот дел Барнли беше значително подобар тим и поведе со гол на Вуд кој начека една одбиена топка од Лорис.
Уште на почетокот од второто полувреме Мурињо во игра ги пушти Лукас и Ло Селсо кои внесоа живост во играта на Тотнем. Тие беа подобриот тим во продолжението од мечот.
Во 50. минута со гол на Деле Али од пенал го израмнија резултатот на 1-1, а до крајот пропуштија да направат и комплетен пресврт.
Се чини дека со мислите беа и на мечот со Лајпциг во Лигата на шампионите каде треба да надополнуваат негатива од еден разлика на гостински терен.