Само бод за Јуве против Лече, Џонатан Дејвид е виновникот за тоа! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Јувентус одигра 1-1 во Торино против Лече, а трагичар на мечот за фаворитот е напаѓачот Џонатан Дејвид кој се посрамоти од пенал.

Јувентус играше офанзивно од самиот старт на мечот и создаваше шанси, но топката никако да влезе во голот на Лече.

Казната за пропуштеното стигна во судиското продолжение од првиот дел кога Банда постигна одличен гол за водство на Лече од 1-0.

Јувентус брзо израмни, по само четири минути во вториот дел Мекени реализираше за 1-1. Имаше уште многу време за втор гол.

Тоа можеше да се случи во 66. минута, Јувентус доби пенал, а Дејвид шутираше. Наместо да го направи тоа сериозно, тој сакаше да го понижи противничкиот голман, му ја шутна топката по средина по замја, а овој му го одбрани ударот.

Во судиското продолжение од мечот Јилдиз ја погоди и стативата, тоа беше последната голема шанса за Јуве на овој меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×