Фудбалерите на Фиорентина и Интер ги поделија бодовите во 30. коло од италијанската Серија А и одиграа реми 1-1.
Гостите од Милано одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во првата минута преку Франческо Пио Еспозито, резултат со кој се замина и на полувреме.
Сепак, домаќините не се предадоа и во продолжението успеаја да се вратат во игра, откако Шер Ндур во 77. минута погоди за израмнување. До крајот немаше нови возбудувања и резултатот остана непроменет.
Фиорентина по ова коло се наоѓа на 16. позиција со 29 бодови, додека Интер останува лидер со 69, односно има шест повеќе од второпласираниот Милан.
Во следната рунда Фиорентина ќе гостува кај Верона, додека Интер на домашен терен ќе ја пречека Рома.