Само бод за Брегалница против Кожуф, убедливи победи на Детонит и Шкендија

by riste
1 минути читање

Денеска стартуваше новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), главниот фаворит за првото место, Брегалница одигра само 0-0 против Кожуф.

Немаше голови на мечот во Штип меѓу Брегалница и Кожуф, а без победник заврши и дербито меѓу Охрид и Беласица, таму имаше по еден погодок на двете страни.

Детонит Плачковица со 4-0 славеше на гостувањето кај Големо Коњари, Шкендија Арачиново со 3-0 беше подобра од Преспа на нејзин терен.

Немаше победник на регионалното дерби меѓу Каменица Саса и Осогово, дуелот заврши 1-1.

Вардар Неготино со 2-1 славеше над Тетекс, Новаци ја совлада Победа со 2-0, Скопје со 1-0 беше подобар од Слога Виница.

Резултати 1. коло:

Брегалница – Кожуф 0-0
Скопје – Слога Виница 1-0
Големо Коњари – Детонит 0-4
Каменица Саса – Осогово 1-1
Новаци – Победа 2-0
Охрид – Беласица 1-1
Преспа – Шкендија Арачиново 0-3
Вардар (Н) – Тетекс 2-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

×