Арсенал важеше за голем фаворит против Брентфорд, но гостите одиграа одличен меч и заслужено го освоија бодот.
Резултатот беше отворен во 66. минута кога Тросар го постигна својот деби гол за Арсенал за водство од 1-0.
Само осум минути подоцна, Тони го изедначи резултатот на 1-1, што беше и конечен.
Тотнем поведе со 1-0 на гостувањето кај Лестер со гол на Бентакур во 14. минута, но потоа им се случи вистински бродолом.
Менди во 23. минута изедначи на 1-1, две минути подоцна Медисон погоди за комплетен пресврт и водство за Лестер од 1-0.
Пред крајот на првото полувреме и Ихеначо даде гол со кој го зголеми водството на 3-1. Во финишот од мечот, Барнс ги постави конечните 4-1.
Во другите денешни натпревари Фулам со 2-0 го победи Нотингем форест, Вулвс со 2-1 славеше на гостувањето кај Саутемптон, немаше победник на дуелот меѓу Кристал Палас и Брајтон, заврши 1-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.