Поранешниот фудбалер на Марсеј, Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри вели дека е шокиран од изјавата на мајката на Килијан Мбапе за тоа дека напаѓачот почнал да користи кредитна картичка прес само четири години.
Фајза Ламари оваа недела седна на интервју со Л’Екип и откри многу детали од животот на својот син, Килијан Мбапе.
Таа објаснуваше дека поради статусот на супер ѕвезда, Килијан Мбапе немал нормален живот и откри дека напаѓачот почнал да користи кредитна картична пред само четири години.
Ваквите информации го изненадија Самир Насри, кој имаше многу замерки за голгетерот на Реал Мадрид и Франција.
„Шокиран сум, како е можно на 22 години да учиш како да употребиш кредитна картичка?“ – вели поранешниот фудбалер на Марсеј, Арсенал и Манчестер Сити.
„Јас станав професионалец на 17 години, заедно со Жереми Менез, кој исто така беше 17 години, игравме за Марсеј“.
„Па ова не не спречи да не излегуваме надвор, да шетаме по улица, да се среќаваме со луѓе. Да, некој ќе дојде и ќе ви побара да се сликата, но таков е животот“.
„Испаѓа дека тој нема никаква независност и слобода. Да пораснете во маж, треба да правите грешки како што одите напред“.
„И тоа што нема возачка дозвола не е нормално. Возачка дозвола ви дава независност, ви дава прилика да правите што сакате и кога сакате, не треба да поднесувате извештај никому“.