Македонскиот
првак има историска шанса за пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за
Лигата на шампиони, Бразилецот Балотели при една мајсторија со полуволеј ја
затресе мрежата од голот на Копенхаген, настана ерупција од радост на „Телеком
Арената“, која од сосема јасни причини за жал не беше исполнета до последното
место.
65. минута од
мечот може да биде историска, како за Вардар, така и општо земено за
македонскиот фудбал, во тие моменти од мечот во Скопје, дојде минималната, но
мошне драгоцена победа над Копенхаген, триумф кој ги отвора ширум портите од
големите европски фудбалски збиднувања.
Сосема очекувано, Фелипе и Балотели додадоа бразилски „шмек“ во прославата на победничкиот гол…
Фото: 24фудбал