567
Австрискиот шампион Салцбург по лошиот старт на сезоната реши да се раздели со Пепијн Лијндерс.
Холанѓанецот кој претходно му беше асистент на Клоп во Ливерпул дојде во Австрија како голема надеж, но потфрли и тимот котира лошо во првенството. Поради тоа челниците се решија за промени.
Наследник на Лијндерс ќе биде Томас Леш, кој веќе потпиша со Салцбург до летото 2027 година. Искусниот Германец последно работеше во проектот на Бохум, а претходно ги водеше Витесе, Австрија Виена, Ерцгебирге АУЕ, Лиферинг, Унион Хеилбон, Штутгарт Кикерс, Гросашпах, а во 2015 година беше привремен тренер и на Салцбург.