Како што пренесува Скај Спортс, Мохамед Салах верува дека има да понуди уште многу во Премиерлигата, па не ја исклучува и можноста за преселба во ривал на Ливерпул.
Мохамед Салах под знак прашалник ја стави својата иднина на „Енфилд“ откако излезе со експлозвно интервју во кое се пожали за третманот кој го добил и тоа што бил седнат на клупа.
Како казна, напаѓачот беше изоставен од тимот за пресметката против Интер во Лигата на шампиони, а се говори дека Египјанецот нема да биде во составот и против Брајтон бидејќи одбива да му се извини на тренерот Арне Слот.
Клубови од Саудиска Арабија внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да го ангажираат Мохамед Салах во јануари, но како што пренесува Скај Спортс, самиот фудбалер не ја исклучува и можноста за преселба во ривал на Ливерпул.
Тој верува дека има да понуди уште многу во најсилното првенство во светот, па затоа е отворен за идејата да остане во Англија наместо да се пресели во Саудиска Арабија.