167
„Кралевите“ во
2018 се обиделе да го ангажираат Мохамед Салах, ова го откри помошник тренерот
на Египет. Напаѓачот на маса имал добра понуда, но на крајот решил да остане во
Ливерпул бидејќи се чувствувал комфорно на Енфилд.
„Кога работев со
Ектор Купер, имавме тренинг камп во Швајцарија (март 2018). Разговарав со Салах
и тој ми откри дека добил понуда од Реал Мадрид. Понудата беше навистина добра,
Мо дискутираше со мене и со господинот Купер, и на крајот реши да остане во
Ливерпул бидејќи таму се чувствуваше комфорно“ – вели Хани Рамзи