Салах не можеше да ги задржи емоциите за Жота, плачеше како мало дете (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

По победата на Ливерпул над Борнмут од 4-2 на стартот од новата сезона во Премиер лигата, Мохамед Салах беше исклучително емотивен за смртта на Диого Жота.

Мечот меѓу Ливерпул и Борнмут беше прв официјален натпревар на црвените на Енфилд по смртта на Жота и неговиот брат.

Уште од самиот почеток мечот беше посветен на Жота. Навивачите имаа посебна кореографија, имаше минута молк.

А емоциите кај фудбалерите, особено кај Мохамед Салах беа највидливи по крајот на натпреварот кога навивачите пееја песна посветена на Жота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×