Мо Салах својата најголема промоција ја имаше во Ливерпул каде што дојде од Рома.
Тој често се поврзува со Реал Мадрид и Гери Невил верува дека Салах следното лето ќе го напушти Ливерпул како што претходно тоа го сторија Суарез и Кутињо.
„И Карагер знае, но нема да каже. Салах ќе си замине, ви гарантирам. Може да се почувствува тоа, може да се намириса“, вели Гери Невил.
Зборувајќи за „Си-Ен-Ен“, Салах беше прашан и што мисли за тврдењата на Невил, а тој одговори: „Среќен сум во Ливерпул. Среќен сум во градот, ги сакам фановите и тие ме сакаат мене. Среќен сум во клубот“.
Ова не беше конкретен одговор од Салах, но англиските медиуми го протолкуваа како знак дека сака долго да остане во Ливерпул.