174
Важни три бода за Ливерпул кој се враќа на победничките патеки, Мохамед Салах беше херојот на црвените.
Клучниот момент се случи во 24. минута кога по асистенција од Шакири, Салах реализираше за водство на Ливерпул од 1-0, тоа беше и единствениот гол на натпреварот.
Во финишот од натпреварот Хадерсфилд имаше фантастична можност за да го изедначи резултатот, но Сив Муни од идеална позиција биеше над голот.