Салах и Мане ги „решија“ младинците на Сити, Јувентус ги казни грешките на Баерн (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Клоп доби уште
еден дуел со Гвардиола, по двата триумфа во Лигата на шампионите, Германанецот
беше поуспешен од својот колега и на пријателскиот меч во рамките на
Интернационалниот куп на шампиони кој утрово се одигра на „Метлајф Стадионот“.

Салах и Мане ги
„решија“ младинците на Сити, кои поведоа со голот на Сане, еден од малкумината
првотимци во составот на „Граѓаните“ за турнејата во САД.

Само 60 секунди
по неговото влегување во игра, Салах изедначи на 1-1, а победата ја донесе Мане
со удар од белата точка во 94. минута.

Во Филаделфија,
Јувентус ги одмери силите со Баерн Минхен и славеше со 2-0. На мечот блесна
младиот Фавили, кој го искористи отсуството на Роналдо, Дибала, Игуаин и
Манџукиќ.

Резултатот беше
отворен во 32. минута кога младиот Јосип Станишиќ лошо врати една топка до
голманот Улрајх кој наместо да остави корнер реши со лизгачки старт да спасува
и само помогна Фавили да ја затресе мрежата.

Фавили потоа во
40. минута успешно избегна една офсајд стапица која „Баварците“ решија да ја
прават речиси на половина терен, и рутински реализираше за 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×